Португалското Гран при ќе се врати во календарот на Формула 1 во 2027 година
- Португалското Гран при ќе биде вклучено во календарот на Формула 1 во 2027 и 2028 година според двегодишен договор со владата на земјата, објави прес-службата на шампионатот.
Лисабон, 16 декември 2025 (МИА) - Португалското Гран при ќе биде вклучено во календарот на Формула 1 во 2027 и 2028 година според двегодишен договор со владата на земјата, објави прес-службата на шампионатот.
Трките ќе се одржат на патеката Алгарве во Портимао.
Португалската трка ќе го замени холандското Гран при, кое се одржува на патеката Зандворт.
Португалската патека беше домаќин на трки од Формула 1 во 2020 и 2021 година за време на пандемијата на коронавирусот. Луис Хамилтон, тогашен возач на Мерцедес, победи во двете трки. зс/
Фото: ЕПА