• четврток, 26 декември 2024

Хамас: Најмалку 30 лица загинаа ноќеска, неколку стотици се ранети во Газа

Хамас: Најмалку 30 лица загинаа ноќеска, неколку стотици се ранети во Газа

Ерусалим, 11 октомври 2023 (МИА) - Најмалку 30 лица загинаа, а неколку стотици се ранети ноќеска кога израелски воени авиони погодија десетици цели во Појасот Газа, соопшти портпаролот на исламската екстремистичка група Хамас.

- Погодени се десетици станбени згради, фабрики, џамии и продавници, изјави шефот на владината канцеларија за медиуми, Салама Маруф.

Израелската војска соопшти дека воени авиони бомбардирале, меѓу другите цели, две филијали на банка што ги користи Хамас, подземен тунел и неколку воени инсталации и воени простории. Во меѓувреме продолжи ракетниот истрел врз јужен Израел од Газа.

Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, соопшти дека од саботата во израелските воздушни напади врз Газа загинале 950 Палестинци, а околу 5.000 се ранети.

ОН соопштија дека повеќе од 260.000 Палестинци во малата енклава се раселени додека израелските авиони бомбардираат цели на Хамас.

Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински екстремисти на израелска територија додека Хамас изврши крвави напади врз израелските погранични населби, објавија израелските медиуми.

Таму екстремистите убија повеќе од 1.000 луѓе и заробија десетици и ги одведоа во Појасот Газа.

Портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел-Хагари изјави дека израелските сили во текот на изминатиот ден убиле 18 палестински екстремисти на територијата на Израел, додека припадниците на безбедносните сили се обидуваат да ги пронајдат преостанатите  од Хамас кои влегле во Израел преку границата од Газа. 

Утринава израелската армија соопшти дека од саботата во нападите на Хамас во Израел загинале 1.200 луѓе, а речиси 3.000 се ранети. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан