Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска позитивна на Ковид-19
- Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на Ковид-19. Преку својот фејсбук профил таа ја информираше јавноста дека вечерва добил позитивен резултат за Ковид 19.

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) - Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на Ковид-19. Преку својот фејсбук профил таа ја информираше јавноста дека вечерва добил позитивен резултат за Ковид 19.
- Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно.Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг, пишува Кузеска на својот фејсбук статус, воедно апелира за строго почитување на мерките за заштита од коронавирусот. оџ/дма/