Поришкова: Созревањето и првите брчки се совршена рамнотежа
- Вели дека ѝ недостига вниманието што го добивала кога била помлада и дека ѝ било тешко да го прифати тоа дека старее иако цел живот се грижела за својот изглед. Но, сѐ тоа е зад неа.

Стокхолм, 13 септември 2022 (МИА) - Паулина Поришкова, една од најубавите манекенки на светот, на својот интернет-простор постави слика во природно издание и проговори за стареењето.
Имено, чешко-шведската супермоделка, која е среде шестото десетлетие од својот живот, вели дека ѝ недостига вниманието што го добивала кога била помлада и дека ѝ било тешко да го прифати тоа дека старее, иако цел живот се грижела за својот изглед. Но, сѐ тоа сега е зад неа.