• среда, 27 ноември 2024

Поранешниот секретар на Осасуна призна дека клубот местел натпревари

Поранешниот секретар на Осасуна призна дека клубот местел натпревари
Мадрид, 22 јануари 2020 (МИА) - Поранешниот секретар на Осасуна, Анхел Вискаи, изјави на суд дека неговиот поранешен клуб бил вклучен во организирање на местење натпревари. Поточно, во сезоните 2012/13 и 2013/14 година, екипа од Памплона, борејќи се да преживее во Ла Лига, ги плати Хетафе и Бетис за победата, а Еспањол за нерешен резултат. Случајот е отворен против 11 лица: шестмина поранешни директори на Осасуна, тројца поранешни играчи на Бетис и двајца агенти за недвижнини кои биле вклучени во договорот. Според Вискај, Осасуна му платила на Хетафе 400 илјади евра, Бетис доби 250 илјади евра. Ваљадолид бил стимулиран со 150 000 евра за победа на натпреварот против Депортиво, додека Бетис за победа против Селта. Депортиво, Селта и Мајорка беа конкурентите на Осасуна за опстанок во Ла Лига во сезоната 2012/13. На крајот Осасуна остана во лигата, а Депортиво испадна. Следната сезона Еспањол доби 250.000 евра од клуб од Памплона за нерешен исход во претпоследното коло и тој меч заврши 1:1. Постигнатиот резултат му овозможи на Еспањол да остане во Ла Лига, додека Осасуна и покрај тоа испадна. Исто така, Вискај рече дека за победата над Ваљадолид му биле исплатени уште 400 илјади евра на Бетис. Во Осасуна се веруваше дека Бетис без финансиски стимулации нема да бидат заинтересиран за успех на овој меч. Тројца играчи на Бетис добиле мито на состанок во гаража. Тоа се Жорди Фигерас, Хави Торес и Антонио Амаја. Сите се појавија на суд. Вискај додаде дека тој веднаш го известил претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кога дознал дека лигата ги истражува случаите. Ова признание одигра клучна улога како доказ за покренување обвинение. зс/

Остани поврзан