• среда, 27 ноември 2024

Поранешниот светски рекет број 1 Мугуруза се пензионира

Поранешниот светски рекет број 1 Мугуруза се пензионира

Мадрид, 20 април 2024 (МИА) - Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза објави дека се повлекува од професионалниот тенис.

Во јануари 2023 година, спортистката објави дека паузира од кариерата.

- Исклучително сум им благодарна на сите луѓе кои ми помогнаа и ме придружуваа на овој пат. Сега сум подготвена да започнам ново поглавје во мојот живот, кое веројатно ќе биде некако поврзано со тенисот и спортот“, рече Мугуруза на прес-конференција во Мадрид.

Триесетгодишната Шпанка е поранешен светски рекет број еден. За време на нејзината кариера, таа освои два Грен слем турнири во сингл (Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017). Вкупно има 15 ВТА титули (десет од нив во сингл). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан