• понеделник, 23 декември 2024

Поранешниот потпретседател на Еквадор се обидел да се самоубие во затвор

Поранешниот потпретседател на Еквадор се обидел да се самоубие во затвор

Кито, 11 април 2024 (МИА) – Поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас, бил хоспитализиран на почетокот на неделава откако се обидел да изврши самоубиство во затворот со максимална безбедност во Гвајакил, соопшти на Х поранешниот претседател на земјата Рафаел Кореа.

Информацијата ја потврди и адвокатката на Глас – Соња Вера. Таа додаде дека моментално притворениот поранешен потпретседател прогласил штрајк со глад.

Глас, кој двапати беше осуден за корупција и сега се соочува со нови обвиненија, беше уапсен во петокот во спектакуларна полициска рација во мексиканската амбасада во Кито, каде што се засолни од декември. јт/

Остани поврзан