• понеделник, 23 декември 2024

Поранешниот полски репрезентативец Клос уапсен поради даночна измама

Поранешниот полски репрезентативец Клос уапсен поради даночна измама

 

Варшава, 21 ноември 2024 (МИА) – Полската полиција го приведе поранешниот полски фудбалски репрезентативец Томаш Клос (51) поради сомнение за даночна измама и проневера, јавија вечерва локалните медиуми.

Според порталот ТВП. Инфо, апсењето на Клос е во рамки на поголема истрага.

„Истрагата се однесува на фискален криминал, даночна измама и неправилности на сметките за ДДВ. Случајот е под надзор на Окружното обвинителство во Варшава, соопштија официјални извори.

Поранешниот полски дефанзивец Клос забележа 69 настапи за репрезентација и постигна шест голови. Настапи на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година, а освои три национални првенства, едно со ЛКС Лоѓ и две со Висла Краков. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан