• четврток, 26 декември 2024

Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф прогласи победа на парламентарните избори во земјата

Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф прогласи победа на парламентарните избори во земјата

Исламабад, 9 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф прогласи победа на актуелните парламентарни избори, велејќи дека неговата партија освоила најмногу гласови и дека ќе разговара за формирање коалициска влада.

Шариф не кажа колку пратенички места освоила неговата партија, а пребројувањето на гласовите во последните неколку изборни единици се уште трае.

Последните официјални податоци објавени од Изборната комисија на Пакистан покажуваат дека неговата Пакистанска муслиманска лига освоила 42 места, што е многу помалку од потребните 133 места за формирање сопствена влада.

Шариф рече дека неговите пратеници подоцна ќе се сретнат со другите политички партии за да разговараат за формирање коалициска влада. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан