• вторник, 24 декември 2024

Поранешниот австриски вицеканцелар осуден на затворска казна за корупција

Поранешниот австриски вицеканцелар осуден на затворска казна за корупција
Виена, 27 август 2021 (МИА) - Поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска во Виена е осуден на 15 месеци условна казна затвор за корупција. Штрахе е обвинет дека го фаворизирал сопственикот на приватна виенска клиника во 2017 година поради што е направена и измена на законот за здравствени услуги во приватниот сектор. Во замена за тоа, на десно-популистичката Слободарска партија на Австрија (ФПО), тогаш предводена од Штрахе, приватниот претприемач Валтер Грабмулер донирал вкупно 12.000 евра. Грабмулер е осуден на 12 месеци затвор за давање мито, исто така со условна казна. паг/    

Остани поврзан