• понеделник, 23 декември 2024

Поранешната премиерка на Нов Зеланд ќе присуствува на Националната конвенција на американските демократи во Чикаго

Поранешната премиерка на Нов Зеланд ќе присуствува на Националната конвенција на американските демократи во Чикаго

Велингтон, 19 август 2024 (МИА) - Поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн ќе присуствува на Национална конвенција на американските демократи, која почнува денеска во Чикаго, објавија британските медиуми, повикувајќи се на нејзиниот портпарол, кој ги потврди извештаите на медиумите.

Ардерн, исто така, ќе присуствува на пропратен настан за време на конвенцијата, рече нејзиниот претставник.

Четиридневниот форум ќе ја одбележи номинацијата на Камала Харис за претседателски кандидат на партијата и се очекува да привлече илјадници луѓе во Чикаго.

Ардерн го привлече глобалното внимание откако го донесе своето бебе на состанок на ОН, носејќи хиџаб по масовното пукање на муслиманите во градот Крајстчерч во 2019 година и по почетниот успех на нејзината влада во справувањето со пандемијата Ковид-19. На почетокот на 2023 година, таа поднесе оставка од премиерската функција, објаснувајќи го тоа со прекумерна работа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан