• понеделник, 16 јуни 2025

Поранешната премиерка на Бангладеш, Каледа Зија, се врати во земјата

Поранешната премиерка на Бангладеш, Каледа Зија, се врати во земјата

Дака, 6 мај 2025 (МИА) - Поранешната премиерка на Бангладеш, Каледа Зија, денеска се врати во земјата од Лондон по четиримесечно лекување, зголемувајќи го притисокот врз привремените лидери во земјата за одржување избори.

Бангладеш има влада предводена од добитникот на Нобеловата награда за мир, Мухамед Јунус, откако поранешната премиерка Шеик Хасина беше соборена од власт во август минатата година. Зија, главниот ривал на Хасина, и нејзината Националистичка партија на Бангладеш (БНП) вршат притисок врз владата на Јунус да одржи национални избори уште во декември.

Под водство на Хасина, опозицијата ги бојкотираше изборите или ги обвини властите за кражба. Многумина го поздравија соборувањето на Хасина како шанса за враќање на демократијата, но во последните месеци се појавија сомнежи околу желбата на новата влада да одржи избори. Владата објави дека следните избори ќе се одржат во декември или јуни следната година.

Зија беше пречекана на аеродромот во Дака од страна на високи партиски лидери, додека толпа поддржувачи се собра надвор да ја пречекаат. Илјадници поддржувачи, многу од нив носејќи знамиња на Бангладеш и БНП, чекаа по должината на деветкилометарскиот пат до нејзиниот дом.

Зија страда од неколку сериозни здравствени проблеми и не присуствувала на ниту еден јавен собир. Нејзиното физичко присуство во земјата има огромна симболична вредност за нејзината партија. Пред нејзиното пристигнување, генералниот секретар на БНП, Мирза Фарул Ислам Аламгир, рече дека нејзиното враќање ќе му помогне на Бангладеш да ја врати демократијата.

Зија и Хасина наизменично владееја со земјата како премиерки од 1991 година, кога земјата се врати во демократија по соборувањето на авторитарниот претседател Ершад. Зија беше премиерка три пати.

За време на 15-те години на власт на Хасина, Зија беше судена и осудена на 17 години затвор во два случаи на корупција. Нејзината партија изјави дека обвинувањата против неа се политички мотивирани, што владата на Хасина го негираше. Подоцна, Зија беше ослободена од затвор под услов да не ја напушти земјата.сд/

фото:Википедија

Остани поврзан