• понеделник, 23 декември 2024

Поранешен шеф на Мосад: Целосен колапс на израелската безбедносна тактика

Поранешен шеф на Мосад: Целосен колапс на израелската безбедносна тактика

Тел Авив, 9 октомври 2023 (МИА) – Израелската безбедносна тактика во саботата „доживеа целосен крах“, смета Дени Јатом, поранешен шеф на разузнавачката служба Мосад и актуелен политичар во израелската опозициска Лабуристичка партија.

Тој наведува дека „се тргна по лошо“ и „никој немаше поим што се случува“ кога Хамас во саботата рано утрината го нападна Израел од територијата на Појасот Газа.

Поранешниот прв израелски разузнувач за Би-би-си изјави дека вториот обрач на израелската одбрана беше недоволен да ги спречи нападите, потсетувајќи дека Израел беше затечен на нозе речиси „50 години и ден“ од војната во Јом Кипур, кога коалицијата на арапски држави изврши инвазија.

-Количината на сила беше премала - и тоа главно се должи на неуспехот на разузнавачките служби кои ни кажуваа дека иако сме сведоци на многу вежби на Хамас, тие немаат намера да го нападнат Израел, рече Јатом. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан