• сабота, 23 ноември 2024

Пораки меѓу Спиро Ристовски и Елизабета Канчевска-Милевска се читаа на рочиштето за „Организаторите на 27 април“

Пораки меѓу Спиро Ристовски и Елизабета Канчевска-Милевска се читаа на рочиштето за „Организаторите на 27 април“
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) - Поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, при една електронска комуникација во 2017 година со екс министерот за образование и наука Спиро Ристовски, обвинет во случајот „Организатори на 27 април”, го информира дека „во протестите фалат спортисти“, а одговорот на обвинетиот Ристовски, е дека е „запознаен и дека прави притисоци секој ден“. Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, при читање на материјалните докази во дополнение на доказна постапка, денеска прочита пораки на обвинетиот Ристовски, каде тој и одговара на Милевска „Тоа е срце, ти кажав ова е атмосфера”. Истовремено, во тек на почеток на месец март 2017 година, Канчевска го брифира сега обвинетиот Ристовски, за организацијата на настаните. „Горан Стoјановски (Џемо Билбил) и други ги договоривме за утре”, му пишува Милевска, на Спиро Ристовски, на 2 март 2017. Претходно на денешното рочиште за „Организаторите на 27 април” беа изведени материјални докази и за обвинетиот Миле Јанакиевски. Во однос на овие докази беше сослушан и вработен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Судењето за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Вилма Рускоска. Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на УБК Владимир Атанасовски. Според обвинението тие се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. оџ/аа/

Остани поврзан