• сабота, 21 декември 2024

„Порака наша“ Куманово го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

„Порака наша“ Куманово го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Куманово, 21 март 2024 (МИА) - Здружението Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ Куманово, денеска симболично го одбележа Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром.

Корисниците на дневниот центар во интеракција со кумановци го одбележаа овој ден [што се паѓа на 21-виот ден од третиот месец во годината за да се укаже на уникатноста на трипликацијата (трисомија) на 21-от хромозом што предизвикува Даунов синдром.

Годинешнава тема на светско ниво е „Крај на стереотипите“, преку кој лицата упатуваат порака до заедницата, да бидат прифатени, заедницата да прекине со стеротипите насочени кон нив поради кој имаат проблеми при секојдневното функционирање.

-„Порака Наша“ годинава традиционално го одбележува овој ден повторно со шаренило, овој пат со испраќање поддршка за нашите другари и сите лица кои имаат Даунов синдром, со интересна интерактивен настан преку кој граѓаните разговараа со нашите корисници на оваа тема. Со цртежи и разговори испраќаме порака до сите дека лицата со Даунов синдром живеат во нашиот свет, да го смениме нивниот живот од раѓањето па натаму, за да станат возрасни и рамноправни, активни членови на нашето општеството. Многу е важно заедницата да нема стереотипи зашто лицата со даунов синдром често се злоупотреби доживуваат и вербално насилство и тие упатуваат порака дека сакаат да бидат еднакви членови на заедницата, рече Марина Костовска, од дневниот центар.

Корисниците на „Порака Наша“ за одбележување на овој ден изработија хамер на кој со разни боички секој придонеседа се изрази „ шаренилото во општеството“како и интересни мали индивидуализирани картички коишто беа подарени на кумановци. ам/цр


Фото: МИА архива и Порака Наша Куманово

Остани поврзан