• среда, 25 декември 2024

Поради чад прекинат ревијалниот меч Шарапова – Сигемунд

Поради чад прекинат ревијалниот меч Шарапова – Сигемунд
Мелбурн, 14 јануари 2020 (МИА) – Мечот од ревијалниот тениски турнир во Австралија меѓу Русинката Марија Шарапова и Германката Лора Сигемунд не беше доигран поради чад. Егзибицискиот турнир се одржува во Кујонг, предградие на Мелбурн. По кусиот состанок со тенисерките, организаторите решија да го прекинат денешниот мечот при резултат 1-0 во сетови за Германката 7:6 (7:4) и 5:5 во вториот сет. Според австралиските медиуми, повеќе од 6,3 милиони хектари на континентот се зафатени од големите пожари кои предизвикаа смрт на 27 луѓе и илјадници опожарени куќи. Чадот од пожарите во Австралија предизвика дополнителни 250 милиони тони емисии на јаглерод диоксид, што претставува повеќе од една третина од годишните емисии на CO2 во Австралија. Пожарите на континентот започнаа во септември 2019 година и сè уште не се изгаснати. зс/

Остани поврзан