Поради сообраќајка, затворен патот Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане
- Сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, кај Младо Нагоричане, е во прекин за секаков вид возила.

Скопје, 27 декември 2024 (МИА) - Сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, кај Младо Нагоричане, е во прекин за секаков вид возила.
Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, патниот правец е затворен поради сообраќајна несреќа. хс/бак/
Фото: МИА архива