Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
- Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица. Несреќата се случила кај месноста Манасовско Маало атар на село Драмче и во неа учествувале патничко возило ауди и товарно возило Мерцедес со каменички регистерски таблички.

Делчево, 13 ноември 2024 (МИА) - Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица. Несреќата се случила кај месноста Манасовско Маало атар на село Драмче и во неа учествувале патничко возило ауди и товарно возило Мерцедес со каменички регистерски таблички.
На лице место на несреќата се наоѓа екипа на Итната медицинска помош и полицијата, а според првични информации нема потешко повредени лица.
Повеќе информации за должината на прекинот во сообраќајот и причините за несреќата, надлежните најавија во текот на денот. вс/сст/
Фото: МИА