Поради реконструкција на водоводна мрежа без вода корисниците од Батинци и Љубош
- Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци и Љубош.

Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци и Љубош.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08 часот до завршување со работните активности. сст/бак/