• вторник, 24 декември 2024

Поради птичји грип во Бугарија ќе бидат усмртени 5.380 патки

Поради птичји грип во Бугарија ќе бидат усмртени 5.380 патки
Софија, 17 февруари 2020 (МИА) - Бугарската агенција за безбедност на храната денеска соопшти дека во градот Раковски, во јужниот дел на Бугарија, се појавил вирус на птичји грип Х5Н8, поради што вкупно 5.380 патки ќе бидат усмртени. Тоа е прв случај на птичји грип во Бугарија во последните десет месеци. Околу фармата е создадено заштитено подрачје од три километри, каде е забрането движењето на домашни, диви и други птици, како и продажба на јајца и пердуви. гт/

Остани поврзан