• понеделник, 29 јули 2024

Поради опожарен мебел пред контејнери ќе се запалеше зграда во Тетово

Поради опожарен мебел пред контејнери ќе се запалеше зграда во Тетово

Тетово, 1 ноември 2022 (МИА) - Тетовските пожарникари попладнево пред 18 часот интервенираа на пожар што избувнал на оставен мебел пред контејнер, при што огнот го зафатил и ѕидот од зградата на улицата „Страшо Пинџур“ кај трговскиот комплекс „Ловец“. Од Тетовската територијалан противпожарна единица информираа дека тројца пожарникари со едно возило успеле да го ликвидираат пожарот.

-Имаше оставен кревет и елементи од кујна и друг вид мебел. Пред 18 часот некаде се појави пожар, најверојатно намерно ги запалија остатоците од мебелот.  Во еден момент огнот беше толку силен што го зафати и контејнерот и ѕидот од зградата.  Можеше да биде уште поопасен пожар, насекаде тука има кабли и инсталациии. Среќа интервенираа пожарникарите на времено, информираа станарите од зградата на улицата „Страшо Пинџур“.

За пожарот била повикана и полицијата за да изврши увид на самото место.ас/

Остани поврзан