• вторник, 24 декември 2024

Поради негативни реакции и обвинувања за сексизам откажана Конференција за плодност во Грција

Поради негативни реакции и обвинувања за сексизам откажана Конференција за плодност во Грција
Атина, 14 јуни 2021 (МИА) - Откако промотивниот спот предизвика бура негативни реакции во Грција, обвинувања за стереотипи и сексизам, а грчката претседателка го повлече покровителството, организаторите денеска решија да ја откажат конференција за плодност и репродуктивна автономија, јави дописничката на МИА од Атина. Во спотот за конференцијата под наслов „Ограничувања и опции“, претставена е жена која има над 40 години, но сè уште нема деца, а коментарот е дека заедно со роденденската торта на која првата бројка од свеќите е четворка, „почнува отчетот, не за она што го направи, туку за она што требаше да го направиш“. -Одеднаш сфаќаш дека оваа четворка пред двоцифрениот број на години, не ти дозволува да станеш мајка, објавија организаторите во видео спотот, кој предизвика негативни реакции во Грција во текот на викендот и експресно беше повлечен. Реакциите беа во насока дека станува збор за конференција на која поголемиот број од учесниците се мажи и претставници на црквата. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу го повлече покровителството на конференцијата, а надлежниот министер соопшти дека и државната новинска агенција АНА-МПА и државната телевизија ЕРТ го повлекуваат спонзорството. Реакции имаше и од грчките партии. Паралелно и низа познати грчки личности кои беше предвидено да учествуваат, го откажаа нивното присуство, со коментар дека не им било објаснето за што точно се работи. Организаторите, преку соопштение ја откажаа конференцијата што требаше да се одржи на 1 и 2 јули во грчкиот град Јанина и коментираа дека пораката од спотот била погрешно протолкувана. ср/

Остани поврзан