• сабота, 23 ноември 2024

Поради изградба на подвозник, утре затворена ќе биде улица во Куманово

Поради изградба на подвозник, утре затворена ќе биде улица во Куманово

Куманово, 25 март 2023 (МИА) - Поради изградба на подвозник, утре целосно ќе биде затворена улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

- На 26.03.2023 (недела) во времето од 07:00 – 16:00 часот, поради изградба на подвозник, предвидено е целосно затворање на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопшти полицијата.

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници во временскиот период од 07 до 16 часот.ам/лв/

Фото: МИА и Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан