Поради асфалтирање утре целосно затворен за сообраќај дел од булеварот „Никола Карев“
- Поради извршување градежни работи, утре, во периодот од 8:00 до 24:00 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска), на потегот од крстосницата со улица

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) - Поради извршување градежни работи, утре, во периодот од 8:00 до 24:00 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска), на потегот од крстосницата со улица „Самоилова“ (Амбасадата на САД) до влезот во касарната Илинден, информира Град Скопје.
-Сообраќајницата ќе биде затворена заради асфалтирање на коловозот, што се реализира во рамки на проектот за изградба на булеварот „Никола Карев“, посочуваат од Град Скопје.ир/вј/