• сабота, 21 декември 2024

Поповски: Најважно е да се заузда инфлацијата за што е неопходен постепен раст на каматите

Поповски: Најважно е да се заузда инфлацијата за што е неопходен постепен раст на каматите
Скопје, 23 јули 2022 (МИА) - Основниот услов за добро стопанисување на компaниите е ниската инфлација. Ако го нема тоа, висината на каматните стапки не игра важна улога, оттаму централните банки со зголемување на каматните стапки всушност водат сметка и за реалната економија, вели универзитетскиот професор Никола Поповски. Поповски во гостувањето вчера на емисијата „Трилинг“, во однос на проекциите на инфлацијата укажа дека никој во глобални рамки не можеше да предвиди толку висок раст, иако се проектираше забрзување. Потсети дека Народната банка имаше две сценарија презентирани на прес-конференцијата, при што попесимистичкото упатуваше на инфлација повисока од 10 проценти. -Кога се правеше таа во април тоа беше само месец и нешто после избувнувањето на војната и почетокот на инфлацијата во светот - поголемата инфлација, и работите делуваа дека во третиот и четвртиот квартал ќе почне да се намалува инфлацијата, тоа инаку го предвидуваа и сите меѓународни и приватни и државни институции, од ММФ, Светска банка, Европска Унија, па дури и најголемите агенции во светот и најголемите банки кои имаат свои сектори. Значи никој не мислеше дека ќе оди до ова ниво, рече Поповски кој е поранешен министер за финансии. Во однос на очекувањата за стабилизирање на цените, Поповски очекува тоа да се случи во 2023 година. -Цените од 2022 година се високи и во 2023 нема да продолжат да растат, ниту на нафтата, на прехрамбените основни производи, на базичните метали, што значи дека инфлацијата ќе се смири, но не смееме тоа да го прифатиме како олеснување, вели Поповски и посочува дека мора да се дејствува, бидејќи високата инфлација на никого не му користи. вг/

Остани поврзан