• петок, 08 ноември 2024

Попович го критикуваше гувернерот на Тексас за укинувањето на маските

Попович го критикуваше гувернерот на Тексас за укинувањето на маските
Сан Антонио, 3 март 2021 (МИА) – Тренерот на НБА лигашот, Сан Антонио спарс, Грег Попович, изјави дека неговиот тим ќе ја игнорира одлуката на државата Тексас за укинување на задолжителното носење маски, нарекувајќи ја одлуката на гувернерот Грег Абот „несериозна“. Абот денес објави дека става крај на задолжителното носење маски во обид да се отвори Тексас „100%“, и покрај загриженоста на американскиот „Центар за контрола на болести и спречување на нови случаи на коронавирус“. Говорејќи по победата на Сан Антонио над Њујорк (119:93) над Њујорк никс, Попович рече дека Спарс ќе продолжат да ги следат протоколите на НБА, според кои играчите, тренерите и судиите треба да носат маски. - Што се однесува до играчите, ние ја слушаме НБА, а не гувернерот, истакна Попович. Тој го критикуваше Абот, велејќи дека се однесува како да заврши пандемијата, иако сите научници и експерти тврдат спротивно. - Дали еднаш претходно го поминавме ова и сега повторно? Ќе има нови случаи, смета тренерот на Спарс. Тексас е најголемата американска држава што ја укинува одлуката за задолжително носење маски, а Абот, како што потсетува Си-Ен-Ен, се соочи со критики од неговата партија поради изречената мерка во јули минатата година. Во Тексас од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 починаа повеќе од 42.000 луѓе. зс/

Остани поврзан