• понеделник, 02 септември 2024

Пописната комисија за Штип и Карбинци подготвена за реализирање на Пописот

Пописната комисија за Штип и Карбинци подготвена за реализирање на Пописот
Штип, 3 септември 2021 (МИА) - Се е подготвено за попишувачите и инструктурите во недела да почнат со пописот во реон 16 за општините Штип и Карбинци, информираше денеска претседателката на Пописната комисија, Соња Китанова. Избрани се 129 попишиувачи, кои ги поминале задолжителните обуки, но дополнително уште два дена им се држеле обуки, со цел на терен да има успешен попис. -Во Штип се опфатени 238 , а во Карбинци има  41 пописен реон. Пописот почнува во недела и веќе попишувачите имаат насока да излезат во осум часот на терен и да почнат да ги посетуваат домовите, за да го попишат населението, вели Китанова. Забележува доколку попишувачите не го најдат граѓанинот или семејството дома имаат обврска да остават известување во кое ќе биде наведено денот и часот, кога повторно ќе ги посетат. вдј/аа/

Остани поврзан