Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи
- Продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври годинава се пониски за 1 отсто на месечно ниво и за 3,8 отсто на годишно ниво.

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври годинава се пониски за 1 отсто на месечно ниво и за 3,8 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 отсто.
Во споредба, пак, со октомври 2022 година, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10,3 отсто. вј/бак/
Фото: МИА архива