Понеделник е неработен ден за сите во државава
- По повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември - недела, односно 9 декември - понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија - „Службен весник на Република Македонија“, број 21/98 и 18/07, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември - недела, односно 9 декември - понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски“. бд/дма/
Фото: МИА архива