• недела, 22 декември 2024

Помпео: Постојат многу докази дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан (видео)

Помпео: Постојат многу докази дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан (видео)
Вашингтон, 3 мај 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека постојат многу докази дека новиот коронавирус потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, а не од пазар. - Постојат бројни докази дека таму се почнало. Уште од почеток зборувавме дека вирусот потекнува од Вухан, истакна Помпео за Еј Би Си. Меѓутоа, тој не кажа директно дали според него коронавирусот е намерно проширен. Помпео додаде дека нема причина да се сомнева во ставот на американските разузнавачки служби дека Ковид-19 го создал човекот и дека вирусот не е генетски модифициран. Според него, кинеската страна не дозволува пристап до важни информации и ова не е првпат светот да биде изложен на вирус поради, како што вели, „пропуст во работата на кинеските лаборатории“. гт/ https://www.youtube.com/watch?v=fRea4yIE7_8

Остани поврзан