• сабота, 23 ноември 2024

Помпео: Иран ги протера медицинските лица од „Лекари без граници“

Помпео: Иран ги протера медицинските лица од „Лекари без граници“
Вашингтон, 25 март 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео потврди дека иранските власти протерале од земјата претставници на хуманитарната организација „Лекари без граници“, кои помагале во борбата против новиот коронавирус. Тие граделе теренска болница во Иран за најранливите пациенти од вирусот. „Најголемите жртви на режимот се сопствените граѓани“, напиша Помпео на Твитер. Во Иран се регистрирани повеќе од 27.000 заразени со Ковид-19, а околу 2.100 лица починаа. Властите информираа дека околу 9.600 луѓе се излекувани. Хуманитарна помош за Иран испратија Кина, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и Светската здравствена организација, како и неколку други земји. Техеран ја одби американската помош, велејќи дека подобра опција ќе биде укинување на санкциите. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан