• вторник, 24 декември 2024

Помпео пристигна во Катар на средба со лидерите на талибанците

Помпео пристигна во Катар на средба со лидерите на талибанците
Доха, 23 март 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео вечерва пристигна во Доха, престолнината на Катар, за првпат да се сретне со лидерите на талибанците, на три недели по потпишувањето на историскиот мировен  договор, што веќе е доведен во опасност,  јавија француските медиуми.

Државниот секретар „ќе се сретне со претставниците на талибанците, вклучувајќи го и нивниот главен преговарач Мула Барадар, за да ги повика да продолжат да го почитуваат договорот, што токму во Доха беше потпишан минатиот месец“, изјави портпаролот на Помпео.

Помпео претходно денеска имаше изненадувачка посета на Кабул каде се обиде да изврши притисок врз авганистанските политички лидери да да ги надминат своите разлики и да состават влада на единството, способна да почне мировни преговори со талибанците. сд/

Остани поврзан