Помпео нов соработник на Фокс њуз
- Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео ангажиран е како „соработник“ во Фокс њуз (Fox news), соопшти информативниот канал, омилен помеѓу конзервативците во САД

Вашингтон, 9 април 2021 (МИА) - Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео ангажиран е како „соработник“ во Фокс њуз (Fox news), соопшти информативниот канал, омилен помеѓу конзервативците во САД.
- Планирам на гледачите да им пружам искрен и директен поглед на геополитиката, меѓународните односи и програмата (на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп) „Прво Америка“, што отвори пат кон просперитет и безбедност на САД без преседан, изјави Помпео.
Извршната директорка на Фокс њуз, Сузан Скот изјави дека Помпео е еден од најпризнаените и најценти соговорници во САД за надворешно безбедносна политика.
Помпео беше државен секретар од април 2018 до јануари, а претходно беше директор на ЦИА.
Според некои аналитичари Помпео има планови и за Белата куќа, на претседателските избори во 2024 година. ми/