• вторник, 24 декември 2024

Помпео: Авторитаризмот се уште живее во Русија, Кина и Иран

Помпео: Авторитаризмот се уште живее во Русија, Кина и Иран
Плзењ, 11 август 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди денеска дека подемот на авторитаризмот во Русија, Кина и Иран ги загрозува слободите ширум светот. На првата станица на турнејата во четири држави од Источна и Централна Европа, во Чешката Република, Помпео им оддаде почит на американските војници кои го ослободија западот на Чехословачка во 1945 година. - Важно е да се има предвид дека, дури и кога славиме, останува уште многу работа, затоа што авторитаризмот е се уште жив во Пекинг, Москва и Техеран, рече Помпео во краткото обраќање пред споменикот „Благодарам, Америко“ во Плзењ. Помпео утре во Прага ќе се сретне  со чешкиот претседател и премиер Милош Земан и Андреј Бабиш, со кого, како што претходно беше објавено од Стејт департментот, ќе разговара за соработката во нуклеарната енергија и „напорите за сузбивање на малигните активности на Русија и комунистичка Кина“. ссм/

Остани поврзан