• понеделник, 16 декември 2024

Помош за пожарите во близина на Атина ќе испратат и Србија, Романија и Турција

Помош за пожарите во близина на Атина ќе испратат и Србија, Романија и Турција

Атина, 12 август 2024 (МИА) – По Франција, Чешка и Италија, позитивно на барањето на Грција за помош за гаснењето на пожарите во областа Атика упатено преку Европскиот механизам за цивилна заштита, одговориле и Србија, Романија и Турција, кои испраќаат противпожарни сили, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, вечерва соопштија дека „се зголемува бројот на земји кои одговараат на грчкото барање преку Европскиот механизам за цивилна заштита (UCPM) да пружат помош во справувањето со шумските пожари во Атика“. 

Поконкретно воздушни средства испраќаат: Турција, два противпожарни авиони тип „Tractors“ и Србија еден хеликоптер од типот „Kamov“, додека пак копнените сили ќе пристигнат од Франција (200 лица, со 28 цистерни), од Романија, која испраќа 44 лица со четири цистерни, како и од Србија 35 лица со десет возила.

Ситуацијата со пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму е критична, а огнените јазици кои брз се шират поради ветерот, сè уште не се ставени под контрола. ср/ссм/

Остани поврзан