Помошничката државен секретар за население, бегалци и миграција, Нојес во посета на Албанија
- Во функција на координација за бегалците од Авганистан помошничката државен секретар за население, бегалци и миграција, Јулиета Валс Нојес, по престојот во Кипар, допатува во Албанија.
Дебар, 8 февруари 2023 (МИА) – Во функција на координација за бегалците од Авганистан помошничката државен секретар за население, бегалци и миграција, Јулиета Валс Нојес, по престојот во Кипар, допатува во Албанија.
Албанија и Катар се едни од повеќето земји кои примија илјадници бегалци од Авганистан кои побегнаа од режимот на талибанците, по повлекувањето на војската на САД од оваа земја во август 2021 година.
-Доцна попладнево високата гостинка беше примена од премиерот Еди Рама. Тема на средбата беше нашето постојано зајакнување на стратешко партнерство во време на безбедносни предизвици, одлична соработка во многу области од првостепена важност, кибер-нападите на Иран врз Албанија насочени кон дестабилизација на демократска земја и сојузник во НАТО и помошта на САД за справување со нападот и поставувањето одбранбен систем за иднината, изјавила за државната агенција, АТА, Елиса Спиропали, државен министер за односи со парламентот, која присуствувала на средбата.
Додала дека Нојес искажала голема благодарноста за засолнувањето на авганистанските бегалци во Албанија, гарантирањето на безбедноста и благосостојбата, „како една од нашите најдобри традиции и продолжувањето на соработката како сојузници во време на криза“.
Во соопштението за медиумите, амбасадата на САД во Тирана информираше дека покрај премиерот Рама, Нојес остварила средби и со министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, како и со партнери на меѓународни организации, во врска со напорите на САД за обработка на податоците за бегалците.
Според амбасадата, Нојес ќе го посети и приморскиот град Шенгин каде ќе се сретне со Авганистанците кои чекаат преселување во САД. вт/јт/