• сабота, 23 ноември 2024

Полскиот претседател следната недела во посета на Албанија

Полскиот претседател следната недела во посета на Албанија

Тирана, 7 мај 2023 (МИА) - На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, на 10. и 11 мај во официјална посета на Албанија ќе престојува претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

Според соопштението од претседателскиот кабинет, ова е прва официјална посета на полски претседател на Албанија по 20 години.

- Претседателот Дуда во Тирана ќе допатува на 10 мај, а со сите државни почести Бегај ќе го дочека следниот ден. Двајцата претседатели ќе одржат посебна средба, а потоа ќе ги предводат делегациите на двете земји на проширен состанок, по што ќе одржат заедничка прес-конференција, наведуваат од кабинетот на Бегај, јави државната агенција АТА.

Попладне истиот ден тие ќе присуствуваат и ќе се обратат на заедничкиот економски форум што ќе се одржи со учество на стопанственици од двете земји.

Претседателот Дуда ќе биде придружуван од делегација на полски претприемачи, организирана од Полската агенција за инвестиции и трговија.

За време на престојот во Албанија, Дуда ќе престојува во кратка посета на градот Круја. вт/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан