• понеделник, 18 ноември 2024

Полскиот премиер: Русија може да ги нападне Полска, Финска и Балтикот

Полскиот премиер: Русија може да ги нападне Полска, Финска и Балтикот
Варшава, 26 февруари 2022 (МИА) - Полскиот премиер изјави дека стравува од руски напад врз неговата земја, Финска или балтичките земји и ја повика Европа да ги удвои трошоците за одбрана по инвазијата на Москва врз Украина. Путин „ќе сака да ја развие својата агресивна политика, својата инвазија“, изјави Матеуш Моравјецки за францускиот дневен весник Ouest-France. „Почна во Грузија, сега Украина“, додаде тој. „Следна цел би можеле да бидат балтичките земји, Полска, Финска или други земји на источното крило“. Моравјеки изјави дека „ни треба силна европска армија“. зш/

Остани поврзан