• среда, 27 ноември 2024

Полскиот Парламент гласаше против законот за реформи во медиумите

Полскиот Парламент гласаше против законот за реформи во медиумите
Варшава, 10 септември 2021 (МИА) - Горниот дом на полскиот Парламент, Сенатот, во кој мнозинството е опозиција, денеска гласаше против законот за медиумски реформи, што според критичарите е со цел замолчување на американскиот информативен антивладин канал. Сенатот го отфрли прегледот на законот со 53 гласови, додека 37 беа „за“, а тројца беа воздржани. Со реформите би се зајакнале забраните за компании надвор од Европската економска област да ги контролираат медиумите, потег што го осудија САД, еден од главните сојузници на Варшава. паг/  

Остани поврзан