• вторник, 24 декември 2024

Полскиот министер за одбрана изрази изненадување по оставката на украинскиот министер за надворешни работи

Полскиот министер за одбрана изрази изненадување по оставката на украинскиот министер за надворешни работи

Варшава, 5 септември 2024 (МИА) - Полскиот министер за одбрана Владислав Кошинјак-Камиш изјави дека одлуката на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба да поднесе оставка била изненадување за него.

Тој истакна дека не знае што стои зад оставката на Кулеба, но претпоставува дека овој потег можеби се должи на акумулираната замореност.

Запрашан на економски форум дали има претпоставки за причините за оставката, министерот одговори: „Со сигурност времето кое помина од почетокот на војната, прави човечката замореност да зема свој данок. Гледајќи ја украинската делегација за време на самитот на НАТО, тоа беше голем напор“, рече шефот на Министерството за одбрана.

Дмитро Кулеба беше на чело на украинската дипломатија од 2020 година. За тоа време тој оствари бројни дипломатски посети во Полска, од кои последната беше кон крајот на август.ссм/

фото: архива

Остани поврзан