• сабота, 04 јануари 2025

Полска министерка: Орбан не беше поканет на церемонијата по повод почетокот на претседателството

Полска министерка: Орбан не беше поканет на церемонијата по повод почетокот на претседателството

Варшава, 3 јануари 2025 (МИА) - Полската заменик министерка за европски прашања Магдалена Собковјак-Царнецка денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан не бил поканет на церемонијата што се одржува во Варшава по повод полското претседателство со Советот на ЕУ, како и унгарскиот амбасадор во таа земја.

Како што истакна, полските власти ја донеле таа одлука откако Будимпешта му дала азил на поранешниот заменик министер за правда на Полска, Марсил Романовски, кој е под истрага за наводна злоупотреба на јавни средства.

Будимпешта му даде политички азил на Романовски, кој беше уапсен во Полска во јули минатата година, како дел од истрагата за злоупотреба на јавни средства, што властите во Варшава силно го критикуваа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан