• сабота, 23 ноември 2024

Полска манекенка си ги тетовирала очите, па ослепела

Полска манекенка си ги тетовирала очите, па ослепела
Варшава, 28 февруари 2020 (МИА) - Полската манекенка Александра Садовска целосно го изгуби видот на едното око, откако ги истетовирала очните белки. Лекарите ѝ рекле дека е само прашање на време кога ќе ослепи и на другото око. Садовска, наводно, одлучила да ги тетовира очите во црно сакајќи да личи на својот сонародник - раперот и боксер Попек. По зафатите, таа почнала да се жали на болка во очите, при што тату-мајсторот ѝ рекол дека тоа е сосем нормално... Ѝ препорачал само лекови против болки. По лошите вести, манекенката одлучила да го тужи „уметникот“, па истрагата покажа дека тој при постапката направил неколку грешки, на пр. - користел боја за тетовирање кожа којашто не би смеела да дојде во допир со очите. Му се закануваат неколку години затвор. Тату-мајсторот пред судот изјави дека не се чувствува виновен. Разрешницата на овој случај се очекува наскоро. си/ссм/

Остани поврзан