• сабота, 21 декември 2024

Полска забрани увоз на јаглен од Русија

Полска забрани увоз на јаглен од Русија
Варшава, 29 март 2022 (МИА) – Полската Влада денеска одлучи да забрани увоз на јаглен од Русија, како дел од сеопфатната стратегија за намалување на енергетската зависност, која доби нова итност по инвазијата на Москва врз Украина. Полска ќе воведе парични казни за сите приватни субјекти кои увезуваат руски јаглен во Полска, а полските цариници ќе вршат проверки, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер. Тој додаде дека Полска повеќе не може да чека целата Европска унија да ја усвои таа политика. Полска произведува голем дел од сопствениот јаглен, но исто така се потпира на увоз. Рускиот јаглен сочинува 13 отсто од горивото што го користи на годишно ниво. јт/

Остани поврзан