Полска бара санкции на ЕУ за руските и белоруските земјоделски производи
- -Денеска ќе се обратам до претседателот на литванскиот Парламент со предлог за резолуција со која се повикува Европската комисија да воведе санкции за прехранбените производи од Русија и Белорусија, рече Туск за време на заедничката прес-конференција со литванската премиерка Ингрид Симоните
Вилнус, 4 март 2024 (МИА) - Полска, која сака да им излезе во пресрет на барањата на земјоделците кои подолго време протестираат, планира да побара од Европската унија да воведе санкции за руските и белоруските земјоделски производи, изјави денеска премиерот Доналд Туск при неговата посета на литванскиот главен град- Вилнус.
Британските медиуми појаснуваат дека, како и поголемиот дел од Европа, и Полска неодамна беше зафатена од протести, бидејќи земјоделците се кренаа против законот на ЕУ за заштита на животната средина и, како што велат, нелојалната конкуренција од Украина, бидејќи европскиот блок ги укина царините за увоз во 2022 година.
Минатата недела Туск кажа дека нарушувањата во снабдувањето на пазарот предизвикале и земјоделските производи од Русија и Белорусија, и притоа не ја отфрли можноста за воведување забрана за увоз.
-Денеска ќе се обратам до претседателот на литванскиот Парламент со предлог за резолуција со која се повикува Европската комисија да воведе санкции за прехранбените производи од Русија и Белорусија, рече Туск за време на заедничката прес-конференција со литванската премиерка Ингрид Симоните.сд/
фото:МИА архива