• недела, 23 март 2025

Пол-позиција за Пјастри во Кина

Пол-позиција за Пјастри во Кина

Шангај, 22 март 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Кина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Тој стигна до првата позиција со време од 1:30.641 минути, осум стотинки пред Џорџ Расел со Мерцедес.

Другиот возач на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од третото место, додека победникот на првиот спринт сезонава, Луис Хамилтон во Ферари, беше петти во квалификациите.

Бранителот на титулата Макс Верстапен е помеѓу двајцата.

Првата десетка ја комплетираа Исак Хајар (РБ), Кими Антонели (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ) и Александар Албон (Вилијамс).

Трката за Големата награда на Кина стартува утре во 8 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан