• понеделник, 23 декември 2024

Положување цвеќе по повод Денот на Армијата

Положување цвеќе по повод Денот на Армијата

Скопје,16 август 2024 (МИА) - По повод одбележувањето на 18 Август - Денот на Армијата, денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата, Сојузот на здруженија на борците од НОБ, Организација на резервни воени старешини, градот Скопје и други, со воени почести ќе положат венци цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров  и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Делегации од министерството за одбрана и генералштабот и здружението на семејствата на загинатите бранители ќе положат цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во армиските касарни делегации ќе положат цвеќе пред бистите на народните херои чии имиња ги носат касарните.

Делегацијата од Собранието ќе ја предводи потпретседателот Антонијо Милошоски, а во нејзин состав ќе бидат и пратеничките Емилија Ангелова и Даниела Белимова. ев/вг/

ФПТО: МИА Архива

Остани поврзан