• вторник, 22 октомври 2024

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

Скопје, 22 октомври 2024 

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, делегација предводена од пратеничката Драгана Бојковска, советници, претставници на општинските јавни институции и установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден  и невладини организации месни заедници и граѓани.

Денот на македонската револуционерна борба,  23-ти Oктомври, е ден кога со гордост се потсетуваме на борците за слобода и еднаквост каков што бил Васил Стојанов-Аџаларски, кој е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година. Аџаларски пред и по Илинденското востание бил предводник на поголема чета, а во неговата чета имало повеќе комити  од околните места на денешната општина Илинден.

Во рамки на одбележувањето на празникот во просториите на Домот на култура во Миладиновци се одржа и шаховски турнир на кој учествуваа 16 шахисти членови на здружението на пензионери „Илинден“ кои беа поделени во две групи. Се играше според ФИДЕ Правила за забрзан шах, а темпото на игра беше 10 минути по играч.

Покровителот на настанот, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски на најдобро пласираните им додели пригодни награди и плакети. Од сите 16 учесници првото место го освои Трајче Христовски од Бунарџик, второто место го освои Душко Сурловски од Марино, третото место го освои Миле Спасовски од Миладиновци и четврто место за Димитар Мицевски. 

Општина Илинден 

_________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Илинден 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан