• среда, 27 ноември 2024

Полицијата употреби водени топови на протестите во Минск

Полицијата употреби водени топови на протестите во Минск
Москва, 4 октомври 2020 (МИА) - Полицијата во Белорусија употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа на улиците во Минск. Како што пренесуваат локалните медиуми, белоруската полиција за време на протестите во Минск користела водени топови поставени на оклопно возило, а оваа вест ја пренесе и руската новинска агенција Интерфакс. Илјадници демонстранти се собраа денеска во Минск да бараат ослободување на политичките затвореници. Протести во Белорусија се одржуваат од претседателските избори на 9 август, кога според официјалните податоци победи долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, додека опозицијата тврди дека изборите биле наместени. паг/  

Остани поврзан