• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата тврди дека нападот во Копенхаген не е терористички акт

Полицијата тврди дека нападот во Копенхаген не е терористички акт
Копенхаген, 4 јули 2022 (МИА) - Шефот на полицијата Сорен Томасен изјави дека нема индикации оти вчерашниот напад во трговскиот центар во Копенхаген е терористички акт. Како што додаде, 22-годишниот осомничен Данец има историја на психички проблеми. Младиот Данец уби три, а повреди повеќе лица. Жртвите се две 17-годишни лица од Данска и 47-годишен руски државјанин. По двајца Данци и Швеѓани се во критична состојба во болница. Напаѓачот ѝ се предаде на полицијата без да пружа отпор. Тој беше уапсен само неколку минути по пукањето, јави Би-би-си. бд/сд/

Остани поврзан