Полицијата во осум европски земји изврши 150 рации во борба против мафијата
- Полицијата во осум европски земји денеска изврши рација на 150 адреси во голема, координирана акција насочена кон озлогласената италијанска мафија „Ндрангета“, соопшти белгиското обвинителство.

Брисел, 3 мај 2023 (МИА) - Полицијата во осум европски земји денеска изврши рација на 150 адреси во голема, координирана акција насочена кон озлогласената италијанска мафија „Ндрангета“, соопшти белгиското обвинителство.
„Тоа е веројатно најголемата операција досега спроведена во Европа против мафијата Калабрезе“, се вели во соопштението.
Во рациите се вклучени околу 3.000 полицајци во Италија и 1.000 во Германија. паг/
Фото: МИА архива